Што се случило: Вработени во социјално-културен центар „Комитет“ пријавија дека за странски државјанин што се идентификува како геј бил физички нападнат од едно лице вработено во Гиро Беко. Имал тешки телесни повреди, но веднаш по пријавувањето ја напуштил државата. Полициски службеници од ПС Центар веднаш излегле на увид и разговарале со сторителот и со сведоците. Хелсиншкиот комитет беше на состанок со началник на Одделение за насилен криминал во ПС Кисела вода кои го презедоа предметот од ПС Центар и нѐ известија дека ќе поднесат кривична пријава по службена должност за тешка телесна повреда. На барање на Хелсиншкиот комитет инцидентот да се квалификува како дело од омраза, Началникот остави тоа да го одлучи јавен обвинител.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е сексуалната ориентација, а пристрасните индикатори се:
- Сексуална ориентација – жртвата се идентификува како геј
- Модел на претходни инциденти – претходни инциденти врз членови на ЛГБТИ заедницата
- Локација – инцидентот се случил пред социјално-културниот центар „Комитет“
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните групи во општеството, а особено безбедноста и сигурноста на ЛГБТИ заедницата.