Што се случило: Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.С.(17) од село Чегране, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 4 октомври во двор на средно училиште настанала физичка пресметка помеѓу пријавениот и С.Р.(18) од Р.Хрватска, со престој во с.Добридол, при што пријавениот со остар предмет се обидел да го повреди С.Р., но бил спречен.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е етничкото потекло, припадноста на различна држава и тоа што засегнатите страни зборувале различен јазик, а пристрасните индикатори се:
- Етничко потекло – инволвираните припаѓаат на различни етнички заедници
- Државјанство – инволвираните имаат различно државјанство
- Јазик на зборување – засегнатите страни зборувале на различен јазик
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу домашните и странските државјани, како и помеѓу различните етнички заедници и јазични групи во општеството.