Акција во општина Струга

Младите активисти од клубот Артивизам при Младински образовен форум – МОФ / Youth Educational Forum -YEF со поддршка од Хелсиншкиот комитет за човекови права, со графити ги покрија натписите со говор на омраза на кејот на реката Дрим и на зградата на поштата во Струга.

Хелсиншкиот комитет за човекови права ги поддржува овие акции на МОФ, кои во текот на мај ќе продолжат и на други локации низ земјата. Зборовите и симболите на омраза не смеат да бидат дел од јавниот простор! Доколку забележите навредлив и дискриминаторски напис во вашето маало, фотографирајте, наведете ja точната локација и пратете ни порака на ФБ страната на „Злосторства од омраза“ или мејл на helkom@mhc.org.mk или на Vildan.Drpljanin@mhc.org.mk.

Фотографии