Годишнина од ослободувањето на нацистичкиот концентрационен логор во Аушвиц-Биркенау

Годишнината од ослободувањето на нацистичкиот концентрационен логор во Аушвиц-Биркенау е ден за оддавање почит на сеќавањето на жртвите на Холокаустот. На овој ден, се потсетуваме на катастрофалните последици од антисемитизмот, расизмот и сите други форми на екстремна омраза кон различностите. Холокаустот е злосторство од омраза, во својот најбрутален и најдевастирачки облик.

Седум и пол децении подоцна, сведочиме на глобален пораст на делата мотивирани од омраза и јакнење на идеологии засновани на омраза. Затоа е суштински важно да го одржуваме споменот за најголемото злосторство против човештвото во 20-тиот век. Помладите генерации, а и сите ние, мора да (о)станеме свесни за ненадоместливите загуби предизвикани од говорот и делата од омраза.

Фотографии