За две години МВР евидентирало само четири кривични дела од омраза по основ на сексуална ориентација
Како граѓански сектор сме длабоко разочарани во поглед на одговорот на говорот на омраза врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет од страна на институциите. Нашето разочарување потекнува од стотиците неодговорени пријави испратени до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи, неказнувањето на ширачите на говор на омраза и секако недостатокот од било какво јавно осудување на овој говор на омраза од страна на власта. ЛГБТИ луѓето сѐ уште немаат доверба во институциите, а најмалку во полицијата. Од друга страна, полицијата не им нуди еднаков пристап и ефикасна заштита од насилство и други кривични дела мотивирани од омраза. Ова се должи на долгогодишната стигма. Повеќе информации достапни на следниот линк: