Што се случило: Во периодот од 11.12.2016 година до 13.12.2016 година, на ул. „Козле-1“ во
објект на една политичка партија, непознат сторител искршил прозорско стакло. Според инфор-
ма циите пренесени во медиумот се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно
расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: Помеѓу 11.12 и 13.12.2016, партиски штаб на политичка
партија во н. Козле .
Извор на информации: ТВ Сител.
Инволвирани жртви: Освен материјална штета, во овој инцидент нема жртви.
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ), Предизвикување омраза, раздор
или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа (Член 319, КЗ)
Сторители: Непознати.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
политичка припадност, а пристрасните индикатори се:
1. Целна локација – целна локација е штабот на политичка партија;
2. Модел на претходни инциденти – овој инцидент е последен од растечкиот тренд на оштетување
на партиски штабови во предизборниот период
Статус на случајот: Под истрага.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер
кое Комитетот го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека пријавителот бил запознаен дека извршеното кривично дело „Оштетување на туѓи предмети“ се гони по приватна
тужба и за истото треба да достави записник во надлежната полициска станица, по што истиот
бил во неколку наврати контактиран од страна на полициски службеници од ПС ОН „Карпош“.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање општата политичка
стабилност во земјата.