февруари 12, 2016

Нападнати малолетници во автобус (непотврдено)

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност
Насилство врз малолетници

Што се случило: 17 годишен малолетник и неговите двајца другари на возраст од 16 и 17 години
биле физички нападнати од страна на повеќе лица во автобус на ЈСП бр.65.

Датум, време и место на инцидентот: 12 февруари, околу 12:20 часот, во автобус на ЈСП бр.65, на
ул.„Антон Попов“ во Скопје.
Извор на информации: Електронски медиум Репортер.
Инволвирани жртви: Три малолетни лица.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ), Учество во тепачка (Член 132, КЗ).
Сторители: Група од повеќе непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Претпоставена разлика во етничкото потекло – сторителите и жртвата се возеле во автобус
бр. 65 кој транзитира во област населена од луѓе со мешан етнички состав;
2. Природа на насилство – инцидентот се случил во јавност;

Статус на случајот: Поднесено барање за поведување на прекршочна постапка.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое
Комитетот го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека од страна на СВР Скопје
било доставено барање за поведување на прекршочна постапка од 17.03.2016 година до Основен
Суд Скопје 1 Скопје, Оддел за прекршоци.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент го доведува во прашање етничкиот соживот
помеѓу двете најголеми заедници во земјата.

Адреса
ул.„Антон Попов“ во Скопје
Име на Локација
во автобус на ЈСП бр.65

Број на жртви
3
Број на сторители
-
Статус на случајот
Под истрага
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Телесна повреда Физички напад Насилство
Име на Локација
Улица
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Нападнати малолетници во автобус (непотврдено) image

Кривични дела

Против животот и телото
Телесна повреда
Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност