Што се случило: Во текот на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК Тетекс од Тетово, и ФК Шкупи
од Скопје, членовите на навивачкиот клуб Шверцери (Шкупи) и Војводи (Тетекс) почнале да
извикуваат навредливи зборови едни за други, по што почнале да фрлаат со камења едно кон
други, оштетувајќи едно од амбулантните возила.
Датум, време и место на инцидентот: 14 октомври, 15:00 часот, Градскиот стадион во Тетово.
Извор на информацијата: Локалниот електронски медиум плусинфо.мк (plusinfo.mk).
Вклучена(и) жртва(и): Една личност со непозната националност.
Вид на кривично дело(а): Учество во тепачка (Чл.132), Насилство (Чл.386), Оштетување туѓи
предмети (Чл. 243) КЗРМ.
Сторител(и): Непознат број на членови од двата навивачки клубови, од кои едниот се состои од
Македонци, а другиот од Албанци.
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Мотивот на пристрасност во овој
инцидент е етничкото потекло, државјанство или јазик, додека индикатори на пристрасност во
овој инцидент се:
1. Разлика помеѓу сторителот и жртвата според етничка основа –етничкото потекло на групите што се
степале е различно. Шверцери се албански навивачки клуб, додека Војводи се македонски.
2. Културни разлики помеѓу сторителот и жртвата – за време на инцидентот, и двете групи биле
инволвирани во активности што ја промовираат нивната култура и групен идентитет.
3. Коментари – На инцидентот му претходела размена на навредливи извици помеѓу членовите на
навивачките клубови.
4. Природа на насилството – Инцидентот бил извршен во јавност.
5. Недостаток на други мотиви.
Статус на случајот: Под истрага.
Одговор на надлежните власти: Министерството за внатрешни работи одговори на Барање за
информации од јавен карактер испратено од Комитетот, дека ги преземаат потребните мерки за
целосно разјаснување на случајот.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање
општата безбедносна состојба во земјата, и соживотот помеѓу различните етнички групи во
општеството.