Што се случило: Четири лица биле каменувани од страна на пет сторители на локација општо
позната како област каде се движат ЛГБТ лица. Во текот на нападот сторителите извикувале
хомофобични навреди.
Датум, време и место на инцидентот: 15 август – 1 септември (точниот датум не е познат, но
се случил четири дена по Инцидентот бр. 67), место познато како адвокатска улица, бул. Крсте
Мисирков, Скопје.
Извор на информацијата: интервју со жртвата
Вклучена(и) жртва(и): Четири млади лица меѓу кои едно било малолетно.
Вид на кривично дело(а): Насилство (Чл.386).
Сторител(и): Пет непознати сторители, на возраст од 13 до 18 години. Двајца од нив биле истите
сторители како оние во Инцидентот бр. 67.
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Мотивот на пристраност во овој
инцидент е сексуалната ориентација на жртвата, а индикаторите за пристрасност во овој
инцидент се:
1. Перцепција на жртвата – жртвата го доживува инцидентот како злосторство од омраза.
2. Локација – Инцидентот се случил на локација позната како место за собирање на ЛГБТ лица.
3. Природа на насилството – Инцидентот бил извршен во јавност.
4. Недостаток на други мотиви.
Статус на случајот: Непријавен (по избор на жртвата).
Одговор на надлежните власти: Н/Д.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање
општата безбедносна состојба на сексуалните малцинства во општеството, особено на оние
локации каде е познато дека тие се движат.