Што се случило: Еден млад хомосексуалец бил физички нападнат од двајца непознати
сторители на локација општо позната како место каде се среќаваат ЛГБТ луѓе. Во текот на
нападот сторителите извикувале хомофобични навреди, и го нарекувале „Педер“.
Датум, време и место на инцидентот: 15 август – 1 септември (точниот датум е непознат), место
познато како адвокатска улица, бул. „Крсте Мисирков“, Скопје.
Извор на информацијата: интервју со жртвата.
Вклучена(и) жртва(и): еден млад хомосексуалец.
Вид на кривично дело(а): Насилство (Чл.386).
Сторител(и): Двајца непознати сторители.
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Мотивот на пристрасност во овој
инцидент е сексуалната ориентација на жртвата, додека индикатори на пристрасност во овој
инцидент се:
1. Перцепција на жртвата – жртвата го доживува инцидентот на злосторство од омраза
2. Локација – Инцидентот се случил на локација што е општо позната како област каде се движат
ЛГБТ.
3. Природа на насилството – Инцидентот бил извршен во јавност.
4. Недостаток на други мотиви.
Статус на случајот: Непознат
Одговор на надлежните власти: Кога жртвите се обиделе до го пријават инцидентот во
полиција, полицијата се заканила со поднесување пријава за „Лажно пријавување кривично
дело“, против жртвите.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање
општата безбедносна состојба на сексуалните малцинства во општеството, особено на оние
локации каде е познато дека тие се движат.