Што се случило: 19-годишно момче било убиено од крадец додека се трудело да го врати својот
украден велосипед заедно со татко си. Група на членови на локалната заедница дошле да изразат
сочувство кога медиумите известиле дека убиецот е Албанец. Потоа групата се омасовила и
почнала да демолира и пали продавници на Албанци во Ѓорче Петров, ограбувајќи некои од
дуќаните.
Датум, време и место на инцидентот: 19 мај, вечерни часови, Ѓорче Петров, Скопје.
Извор на информацијата: Националниот печатен медиум „Фокус“ и локалниот медиум „24вести.
мк“ (24Vesti.mk).
Вклучена(и) жртва(и): Освен материјалната штетна, немало директни жртви во овој инцидент.
Вид на кривично дело(а): Загрозување на сигурноста (Чл.144), Оштетување туѓи предмети чл. 243
КЗРМ , Поттикнување на омраза, раздор и нетолерација врз национална, расна, верска или друга
дискриминаторска основа (Чл.319), Тешка кражба Чл.236 КЗРМ, Учество во толпа што ќе изврши
кривично дело Чл.385 КЗРМ.
Сторител(и): Непознат број на сторител/и, Македонци.
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Мотивот на пристрасност во овој
инцидент е етничкото потекло, државјанство или јазик, додека индикатори на пристрасност во
овој инцидент се:
1. Перцепција на жртва/сведок – врз основа на изјавите дадени за медиуми, јасно е дека (индиректните)
жртви сметаат дека инцидентот е мотивиран од пристрасност.
2. Коментари на местото на настанот – сторителите постојано извикувале навредливи и понижувачки
извици за Албанците.
3. Разлика помеѓу сторителот и жртвата според етничка припадност – очигледно е дека овој инцидент
е етнички мотивиран, и следствено (индиректните) жртви и сторители имаат различно етничко
потекло.
4. Шема/зачестеност на претходни инциденти – овој инцидент следи по друг што се случил истиот
ден, кога момче со македонска етничка припадност било убиено од крадец додека се обидувало
да го врати велосипедот.
5. Природа на насилството – Инцидентот бил извршен во јавност.
6. Недостаток на други мотиви.
Статус на случајот: Поднесени се кривични пријави.
Одговор на надлежните власти: Преку медиумите, полицијата изјави дека ќе бидат преземени
сите соодветни мерки, а покасно изјави дека по затишјето на овој инцидент, и на оној што следел следниот ден, веќе поднеле кривични пријави против неколку сторители за „Учество во толпа што
ќе изврши кривично дело“, и против други двајца за „Тешка кражба“.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање
општата политичка состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички заедници во
општеството.