Што се случило: Тројца геј мажи (од кои едниот е малолетник) во три или четири наврати
биле вербално малтретирани и им биле упатени закани од страна на членови на службите за
обезбедување и чистење во Гр4адскиот трговски центар во Скопје. Делот од Градскиот трговски
центар каде се случиле заканите е познат како ЛГБТ крузинг ареа. Во една прилика, еден член
на службата за обезбедување рекол “Педеру, ќе ти го извадиме џигерот!“.
Датум, време и место на инцидентот: Април-мај (повеќе од една прилика), Градски трговски
центар, Скопје.
Извор на информацијата: Интервју со жртвата.
Вклучена(и) жртва(и): Тројца млади геј мажи (од кои еден е малолетник.
Вид на кривично дело(а): Загрозување на сигурноста (чл.144).
Сторител(и): Вкупно петмина сторители – двајца од службата за обезбедување и тројца од
службата за чистење.
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Мотивот на пристрасност во овој
инцидент е сексуалната ориентација на жртвате, а индикатори на пристрасност во овој инцидент се:
1. Перцепција на жртвата – жртвата смета дека инцидентот е злосторство од омраза.
2. Природа на насилството – Инцидентот бил извршен во јавност.
3. Недостаток на други мотиви.
Статус на случајот: Непријавен (по избор на жртвата).
Одговор на надлежните власти: Н/Д.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков тип ја доведуваат во прашање
општата безбедносна состојба на сексуалните малцинства во општеството, посебно на локации
кои се познати како нивни свртувалишта.