Што се случило: Група од лица од мажи од македонска националност, по завршувањето на
гласањето за првиот круг на претседателски избори, почнале да навредуваат, пцујат, а потоа и да
тепаат албанско семејство што живеело во Радишани. Еден од сторителите со возило се упатил
кон група жртви.
Датум, време и место на инцидентот: 13 април, 21:20-22:00 часот, Радишани, Скопје.
Извор на информацијата: Електронскиот медиум „алмакос.ком“ (almakos.com), албански, и ТВ
Сител, македонски, и други.
Вклучена(и) жртва(и): Непознат број на членови на таргетираното албанско семејство, меѓу кои
имало и малолетници и 74-годишна жена. Четворица од нив побарале медицинска помош.
Вид на кривично дело(а): Загрозување на сигурноста Чл.144, Тешки телесни повреди Чл.131 КЗРМ
Сторител(и): Непозната група на млади момчиња. Според медиумите, еден од сторителите исто
така побарал медицинска помош.
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Мотивот на пристрасност во овој
инцидент е политичка припадност и политичко убедување, како и етничко потекло, државјанство
или јазик, а индикаторите на пристрасност во овој инцидент се:
1. Перцепција на жртвата – Со оглед на изјавите дадени за медиуми, јасно е дека жртвите сметаат
дека инцидентот бил мотивиран од пристраност.
2. Коментари на местото на настанот – Сторителите ја почнале расправата со забелешки дека
Албанците не гласале на изборите.
3. Разликата помеѓу жртвата и стортелот според етничка припадност.
4. Природа на насилството – Инцидентот бил извршен во јавност.
5. Недостаток на други мотиви.
Статус на случајот: Поднесени се кривични пријави.
Одговор на надлежните власти Министерството за внатрешни работи одговори на Барање за
информации од јавен карактер испратено од Комитетот, дека е поднесена кривична пријава
против само еден од сторителите (возачот на возилото) за делот Загрозување на сигурноста (Чл.
144 КЗРМ).
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков тип ја доведуваат во прашање
општата политичка ситуација во земјата и соживотот помеѓу различните етнички заедници во
општеството.