Што се случило: Две момчиња на шеснаесетгодишна возраст биле нападнати од поголема група.
Биле претепани и избодени без никаква причина.
Датум, време и место на инцидентот: 2 април, 21:50 часот, населба Железара во Скопје
Извор на информацијата: Електронскиот медиум „творбис.ком.мк“ (tvorbis.com.mk).
Вклучена(и) жртва(и): Две 16-годишни момчиња со непознато етничко потекло. Еден од нив добил
посекотини по ногата, додека другиот бил прободен во стомакот.
Вид на кривично дело(а): Тешки телесни повреди Чл. 131 КЗРМ; Насилство Чл.386 КЗРМ.
Сторител(и): Непозната група на луѓе.
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Мотивот на пристрасност во овој
инцидент е етничко потекло, државјанство или јазик, додека индикаторите за пристрасност во
овој инцидент се:
1. Претпоставена разлика помеѓу сторителот и жртвата според етничка припадност – Со оглед на
мешаниот етнички состав во Железара и околните населби, можно е етничката припадност на
жртвата да се разликува од онаа на сторителот.
2. Шема на инциденти – овие се само две од четирите прободувања што се случија во Скопје таа вечер, по
кошаркарски натпревар во текот на кој имаше масовна тепачка (неповрзана со злосторство од омраза).
3. Природа на насилството– Инцидентот бил извршен во јавност.
4. Недостаток на други мотиви.
Статус на случајот: Поднесени се прекршочни пријави.
Одговор на надлежните власти: Преку „„Одговор на барање““ за информации од јавен карактер
Министерството за внатрешни работи му одговори на Комитетот дека против дванаесетте
инволвирани во делото се поднесени прекршочни пријави, во согланост со Законот за прекршоци
против јавниот ред и мир. Сепак, нема одговор во врска со фактот што укажува на можниот мотив
за делото.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков тип ја доведуваат во прашање
општата безбедносна ситуација во земјата и соживотот помеѓу различните етнички заедници во
општеството.