Што се случило: Осумнаесет и деветнаесетгодишни момчиња се степале во ходникот на
училиштето, нанесувајќи си видливи повреди.
Датум, време и место на инцидентот: 18 март, средното училиште „Зеф Љуш Марку“ во Скопје.
Извор на информацијата: Електронскиот медиум „мкд.мк“ (mkd.mk).
Вклучена(и) жртва(и): Еден или двајца средношколци од машки пол со непознато етничко потекло.
Вид на кривично дело(а): Телесна повреда, Чл. 130 КЗРМ, Насилство Чл. 386 КЗРМ, Учество во
тепачка, Чл.132 КЗРМ.
Сторител(и): Еден или двајца средношколци од машки пол со непознато етничко потекло.
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Мотивот на пристрасност во овој
инцидент е етничко потекло, државјанство или јазик, додека индикаторите за пристрасност во
овој инцидент се:
1. Претпоставена разлика помеѓу сторителот и жртвата според етничка припадност – Со оглед на
мешаниот етнички состав во училиштето што го посетуваат учениците, етничката припадност на
жртвите може да е различна од таа на сторителите.
2. Природа на насилството – Инцидентот бил извршен во јавност.
3. Недостаток на други мотиви.
Статус на случајот: Поднесени се прекршочни пријави.
Одговор на надлежните власти: Преку „„Одговор на барање““ за информации од јавен карактер
Министерството за внатрешни работи му одговори на Комитетот дека поднесени се прекршочни
пријави против сторителот на делото Тепачка, според Законот за прекршоци против јавниот ред
и мир. Сепак, се’ уште нема одговор во врска со фактот што упатува на можниот мотив за делото.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков тип ја доведуваат во прашање
општата политичка ситуација во земјата и соживотот помеѓу Македонците, од една страна, и
Албанците од друга, како две најголеми етнички заедници во државата и дополнително влијаат
врз градењето на мултиетничка толерантна средина во која можат да растат младите луѓе.