март 6, 2014

Тепачка помеѓу средношколци во Скопје (неверифицирано)

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност
Насилство врз малолетници

Што се случило: Дошло до тепачка помеѓу две групи на ученици од две различни училишта на
булеварот што ги поминува меѓу училиштата. Учениците од средното училиште „Владо Тасевски“
биле нападнати од група на средношколци од средното училиште „Марија Кири Склодовска“.

Датум, време и место на инцидентот: 6 март, 13:30 часот, бул. Трета македонска бригада во
Скопје.
Извор на информацијата: Локалниот медиум „24Вести“.
Вклучена(и) жртва(и): Двајца малолетни средношколци од машки пол со непознато етничко
потекло.
Вид на кривично дело(а): Телесна повреда, Чл. 130 КЗРМ, Учество во тепачка Чл. 132 КЗРМ,
Насилство Чл. 386 КЗРМ.
Сторител(и): Четиринаесет малолетни средношколци од машки пол со непознато етничко потекло.
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Во овој инцидент, мотивот на
пристрасност е етничкото потекло, државјанството или јазикот, додека индикаторите на
пристраност се:
1. Претпоставена разлика помеѓу сторителот и жртвата според етничка припадност – поради мешаниот
етнички состав на учениците во училиштето кадешто учат овие средношколци, етничката
припадност на жртвите можно е да се разликува од онаа на сторителите.
2. Природа на насилството – Инцидентот бил извршен во јавност.
3. Недостаток на други мотиви.

Статус на случајот: Поднесени се кривични пријави.
Одговор на надлежните власти: Преку „„Одговор на барање““ за информации од јавен карактер
испратено од Комитетот Министерството за внатрешни работи изјави дека поднело кривична
пријава против четири од сторителите за кривично дело Насилство Чл. 386 КЗРМ. Сепак, нема
одговор во врска со фактот што укажува на можниот мотив за делото.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков тип ја доведуваат во прашање
општата политичка ситуација во земјата и соживотот помеѓу Македонците, од една страна, и
Албанците од друга, како две најголеми етнички заедници во државата и дополнително влијаат
врз градењето на мултиетничка толерантна средина во која можат да растат младите луѓе.

Адреса
бул. Трета македонска бригада во Скопје
Име на Локација
бул. Трета македонска бригада во Скопје

Број на жртви
2
Број на сторители
14
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Телесна повреда Физички напад Насилство
Име на Локација
Улица
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Тепачка помеѓу средношколци во Скопје (неверифицирано) image

Кривични дела

Против животот и телото
Телесна повреда
Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност