Што се случило: Непознати сторители ги искршиле речиси сите крстови што биле дел
христијанските гробишта во село Локвени. Дел од локалната заедница го забележала инцидентот
кога група селани отишле да прослават верски празник.
Датум, време и место на инцидентот: 2 март, рани утрински часови, село Локвени, Крушево.
Извор на информацијата: Националниот медиум ТВ Телма.
Вклучена(и) жртва(и): Освен материјалната штетна, немало директни жртви во овој инцидент.
Вид на кривично дело(а): Оштетување туѓи предмети чл. 243 КЗРМ, Сквернавење гробови, Чл. 400
КЗРМ.
Сторител(и): Непознат(и).
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Во овој инцидент, мотивот на
пристрасност е верската припадност и верското убедување, додека индикатори на пристрасност
се:
1. Перцепција на жртвата – Од изјавите дадени за медиумите може лесно да се заклучи дека
идиректните жртви – христијанското население во село Локвени, го доживуваат инцидентот како
мотивиран од пристрасност.
2. Локација и време – Инцидентот се случил за време на верски празник, на место од верско значење.
Статус на случајот: Под истрага, поднесени се кривични пријави.
Одговор на надлежните власти: Министерството за внатрешни работи, преку „„Одговор
на барање““ за информации од јавен карактер пратено од Комитетот, информираше дека
Министерството поднело кривични пријави против непознат сторител за делото Сквернавење
гробови Чл. 400 КЗРМ. Сепак, нема одговор во врска со фактот што упатува дека на можниот
мотив за делото.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков тип ја доведуваат во прашање
општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички заедници во
општеството.