февруари 24, 2014

Експлодира бомба пред подрачната кацеларија на СДСМ во Карпош (неверифицирано)

Инцидент
Инциденти сторени заради политичка припадност или политичко уверување

Што се случило: Бомба фрлена од возило во движење експлодирала пред подрачната кацеларија
на Социјалдемократскиот Сојуз (СДСМ), додека повеќе од триесет членови на младинскиот
огранок на партијата биле внатре на состанок.

Датум, време и место на инцидентот: На 24 февруари, во вечерните часови на улица Варшавска
во општина Карпош, Скопје.
Извор на информацијата: Националниот медиум „ТВ Телма“.
Вклучена(и) жртва(и): Освен материјалната штета, немало директни жртви во овој инцидент.
Може да се изведе тврдење дека бомбата била наменета за луѓето внатре.
Вид на кривично дело(а): Оштетување туѓи предмети чл. 243 КЗРМ , Загрозување на сигурноста
Чл. 144 КЗРМ.
Сторител(и): Непознат(и).
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Во овој инцидент, мотивот
на пристрасност е политичка припадност и политичко убедување, додека индикаторот на
пристрасност е:
1. Перцепција на жртвата – Од изјавите дадени за медиуми, може лесно да се заклучи дека
(индиректните) жртви – припадниците на СДСМ, го доживуваат инцидентот како мотивиран од
пристрасност.
2. Место и време – Инцидентот се случил за време на состанок на младинската фракција на СДСМ.
3. Природа на насилството – Инцидентот бил извршен во јавност.
4. Недостаток на друг мотив.

Статус на случајот: Под истрага.
Одговор на надлежните власти: Преку „„Одговор на барање““ за информации од јавен карактер
побарани од Комитетот, Министерстовото за внатрешни работи одговори дека работат на
расчистување на случајот. Комитетот нема дополнителни информации за понатамошните
случување поврзани со овој случај.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков тип ја доведуваат во прашање општата
политичка ситуација во земјата како и успехот и легитимноста на претстојните претседателски и
парламентарни избори.

Address
улица Варшавска во општина Карпош, Скопје.
Location Name
подрачна кацеларија на СДСМ

Number of victims
-
Number of Perpetrators
-
Status of the case
Под истрага
Type of incident?
Уништување на имот Сериозна закана
Incident location
Друга јавна локација
How did the police react?
Тие го истражуваат инцидентот
Have there been similar incidents / crimes in the same location?
Да
Експлодира бомба пред подрачната кацеларија на СДСМ во Карпош (неверифицирано) image

Criminal offences

Against Property
Оштетување на имотот
Against the Public Order
Насилство

Grounds

Политичка припадност