Што се случило: На православен празник, непознати сторители вандализирале околу дваесетина
православни гробови.
Датум, време и место на инцидентот: 22 февруари, во селото Брњанци (на граница со селото
Арачиново) во Скопје.
Извор на информацијата: Националните медиуми „мкд.мк“ (mkd.mk), „фаланга.мк“ (falanga.mk),
„новини.мк“ (novini.mk).
Вклучена(и) жртва(и): Освен материјалната штетна, немало директни жртви во овој инцидент.
Вид на кривично дело(а): Оштетување туѓи предмети чл. 243 КЗРМ , Сквернавење на гроб, Чл. 400
КЗРМ.
Сторител(и): Непознат(и).
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Во овој инцидент, мотивот на
пристрасност е верската припадност и верското убедување, додека индикатори на пристрасност
се:
1. Перцепција на жртвата – Од изјавите дадени за медиумите може лесно да се заклучи дека
индиректните жртви – македонското население во село Брњанци, го доживуваат инцидентот како
мотивиран од пристрасност.
2. Локација и време – Инцидентот се случил по празник, на место од верско значење.
3. Шема на претходни инциденти – Индиректните жртви изјавиле дека ваков инцидент се случува за
време на речиси секој погреб или православен празник.
Статус на случајот: Под истрага.
Одговор на надлежните власти: Случајот бил пријавен кај надлежните.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков тип ја доведуваат во прашање
општата безбедносна ситуација во земјата и соживотот помеѓу Македонците, од една страна, и
Албанците од друга, како две најголеми етнички заедници во државата.