февруари 9, 2014

Уапсени 21 член на спортскиот навивачки клуб „Комити“ (верифицирано)

Инцидент
Инциденти сторени на спортски натпревари
Инциденти сторени поради етничка припадност
Насилство врз малолетници
Предизвикување на национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост

Што се случило: Група од околу 40 членов на спортскиот навивачки клуб „Комити“, пред почетокот
на фудбалски натревар на кој присуствуваа, нападнале и претепале малолетници во автобус на
јавен транспорт, линија бр.2. Потоа отишле во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје,
каде го нарушиле јавниот ред и мир, почнувајќи тепачки еден со друг, фрлајќи мали предмети
кон играчите на теренот. Кога интервенирала полицијата, навивачите ги нападнале полициските
службеници и еден од нив фрлил потежок предмет, притоа повредувајќи еден полицаец.

Датум, време и место на инцидентот: 9ти февруари, во Скопје, во автобуска линија бр.2 од
градскиот превоз и во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје.
Извор на информацијата: Националниот печатен медиум „Дневник“.
Вклучена(и) жртва(и): Неколку (точниот број е непознат) малолетници од албанска националност
и полициски службеник.
Вид на кривично дело(а): Телесна повреда (чл. 130 КЗРМ) (Чл.130 КЗРМ), Оштетување туѓи предмети
(Чл.243), Насилство (Чл.386), Загрозување на безбедноста (Чл.144), Напаѓање полициски службено
лице при вршење работи на безбеноста (Чл.383), Поттикнување омраза, раздор и нетрпеливост
врз национална, расна, верска или друга дискриминаторска основа (Чл.319).
Сторител(и): 40 членови на Спортскиот навивачки клуб „Комити“, Македонци.
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Во овој инцидент, мотивот на
пристрасност е етничко потекло, државјанство или јазик, а индикатори за пристраност се:
1. Разликата помеѓу сторителот и жртвата според етничка припадност – Линијата бр.2 од градскиот
автобуски транспорт го вклучува Сарај, големо село населено претежно со Албанци, па логично
може да претпостави дека и патниците во овој автобус би имале слична етничка припадност, па
следствено биле мета на членовите на „Комити“.
2. Место и време – Инцидентот се случил во линија бр. 2 од јавниот автобуски транспорт која води до
село со претежно албанско население. Потоа следел спортски натпревар на кој присуствувале
сторителите, каде продолжиле да извршуваат кривични дела.
3. Шема / зачестенот на претходни инциденти – Во бројни претходни наврати овој навивачки клуб
манифестирал отворено насилство кон припадниците на албанската заедница.
4. Природа на насилството – Инцидентот бил извршен во јавност.

Статус на случајот: Поднесени се пријави од полицијата.
Одговор на надлежните власти: Преку медиумите полицијата изјави дека поднесени се пријави
против седум сторители, додека дополнителни 14 добија парични казни. Тие не прецизираа за
кои дела беа обвинети или парично казнети.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков тип ја доведуваат во прашање
општата политичка ситуација во земјата и соживотот помеѓу Македонците, од една страна, и
Албанците од друга, како две најголеми етнички заедници во општеството.

Адреса
„Борис Трајковски“ во Скопје
Име на Локација
„Борис Трајковски“ во Скопје

Број на жртви
-
Број на сторители
-
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот Сериозна закана Телесна повреда Напад со студено оружје Физички напад Насилство
Име на Локација
Друга јавна локација
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го фатија сторителот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Уапсени 21 член на спортскиот навивачки клуб „Комити“ (верифицирано) image

Кривични дела

Против животот и телото
Телесна повреда
Против сопственоста
Оштетување на имотот
Против јавниот ред
Насилство
Против државата
Предизвикување национална, расна или верска омраза, раздор и нетолеранција

Основа

Националност Етничка припадност