Што се случило: Две момчиња на возраст од 22 години нападнале четири години помладо момче
од поинаква етничка припадност. По нападот се обиделе да избегаат со своето возило кон селото
Студеничани, при што излетале од патот во канал.
Датум, време и место на инцидентот: 7 февруари, пред средното училиште „Марија Кири
Склодовска“ во Скопје.
Извор на информацијата: Регионалниот медиум „Прес24“ (Press24), весникот Вечер.
Вклучена(и) жртва(и): Еден малолетник од македонска етничка припадност.
Вид на кривично дело(а): Телесна повреда, чл. 130 КЗРМ.
Сторител(и):. Двајца Албанци.
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Во овој инцидент, мотивот на
пристрасност е етничко потекло, државјанство или јазик, а индикаторите се:
1. Разлики помеѓу сторителот и жртвата според етничка припадност.
2. Недостаток на други мотиви.
Статус на случајот: Поднесена е прекршочна пријава.
Одговор на надлежните власти: Преку медиумите полицијата изјавила дека момчињата ќе
бидат гонети за прекршоци (најверојатно загрозување на безбедност во сообраќајот), но не и за
кривично дело.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков тип ја доведуваат во прашање општата политичка ситуација во земјата и соживотот помеѓу Македонците, од една страна, и
Албанците од друга, како две најголеми етнички заедници во општеството.