јануари 31, 2014

Меѓуетнички физички судир спречен во скопската општина Ѓорче Петров и селото Крушопек (верифицирано)

Инцидент
Инциденти сторени на спортски натпревари
Инциденти сторени поради етничка припадност
Насилство врз малолетници

Што се случило: Полициски сили морале да интервенираат за да спречат меѓуетнички судир во
селото Крушопек во близина на Скопје по официјален состанок помеѓу двајца локални фудбалски
навивачи. Група македонски малолетници оштетиле возила, каменувале куќи и ги навредувале
минувачите. Според полициски извори (исто така објавени во медиумите) ова било проследено
со обид на група од 30 Албанци од Крушопек да се придвижат кон Ѓорче Петров. Полицијата
навремено интервернирала за да спречи поголем инцидент.

Датум, време и место на инцидентот: 31 јануари, во селото Крушопек, Скопско.
Извор на информацијата: Регионалниот медиум „Алмакос“ (алб.) и „Телеграф“ (мкд).
Вклучена(и) жртва(и): Освен материјална штета, во овој инцидент не биле нанесени физички
повреди. Луѓето од локалната заедница се чувстувале навредено.
Вид на кривично дело(а): Оштетување туѓи предмети (чл. 243 КЗРМ), Насилство (чл. 386),Загрозување на сигурноста (чл. 144) и Поттикнување на омраза, раздор и нетрпеливост врз
национална, расна, верска или друга дискриминаторска основа (чл. 319).
Сторител(и): Група од дваесет малолетници од Скопје (Македонци).
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Во овој инцидент, мотивот на
пристрасност е етничко потекло, државјанство или јазик, а индикаторите се:
1. Перцепција на жрвата – Фактот што жртвите на кривичното дело покасно се организирале,
се претпоставува, за да возвратат со иста мера, е показател за доживувањето на жртвите
дека кривичните дела биле мотивирани од пристрасност, како и тоа што групата поврзана со
жртвата (клуб на фудбалски навивачи) била ангажирана во активности за нивна промоција пред
инцидентот.
2. Разликите меѓу сторителите и жртвите на етничка основа.
3. Место и време – Инцидентот се случил во село населено претежно од членови на албанската
заедница во државата, по настан организиран од навивачките клубови на македонски и албански
фудбалски тимови.
4. Природа на насилство – Инцидентот се случил во јавност.

Статус на случајот: Полицијата ги привела сторителите, покренати се кривични пријави.
Одговор на надлежните власти: Полицијата веднаш реагирала и спречила ескалација на
насилството. Сепак, поднесени се пријави само против четири сторители и само за кривично
дело „Насилство“, додека не се поднесени пријави за делата „Поттикнување омраза, раздор и
нетрпеливост врз национална, расна, верска или друга дискриминаторска основа“, „Загрозување
на сигурноста“ и „Оштетување туѓи предмети“.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков тип ја доведуваат во прашање
општата политичка состојба во земјата и соживотот помеѓу Македонците од една страна и
Албанците, како две најголеми етнички заедници.

Адреса
селото Крушопек, Скопско
Име на Локација
селото Крушопек, Скопско

Број на жртви
-
Број на сторители
15
Статус на случајот
Под истрага
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот Сериозна закана Физички напад Насилство
Име на Локација
Улица
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Меѓуетнички физички судир спречен во скопската општина Ѓорче Петров и селото Крушопек (верифицирано) image

Кривични дела

Против слободите и правата
Криминална закана
Против сопственоста
Оштетување на имотот
Против јавниот ред
Насилство
Против државата
Предизвикување национална, расна или верска омраза, раздор и нетолеранција

Основа

Националност Етничка припадност