јануари 18, 2014

Оштетена подрачната канцеларија на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) во Струмица (верифицирано)

Инцидент
Инциденти сторени заради политичка припадност или политичко уверување

Што се случило: Непознати сторители ја вандализирале подрачната канцеларија на партијата,
кршејќи го предниот излог.
Датум, време и место на инцидентот: 18ти јануари, 3:00 часот наутро, во Струмица.
Извор на информацијата: Регионалниот медиум „Фама“.
Вклучена(и) жртва(и): Освен материјалната штетна, во овој инцидент немало директни жртви.
Вид на кривично дело(а): Оштетување туѓи предмети чл. 243 КЗРМ .
Сторител(и): Две личности. Едниот бил познат на сопственикот на објектот и неговиот идентите е
пријавен на надлежните.

Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Во овој инцидент мотивот на прис-
трасност е политичката припадност и политичките убедувања, а индикаторите на пристраност се:

1. Метата/Перцепцијата на сведокот – Метата е подрачната канцеларија на најголемата опозициска
партија, сведокот го доживува инцидентот како обид за заплашување.
2. Зачестеност на инцидентот – Фактот што на овој инцидент му претходел сличен таков, неколку
недели претходно.
Статус на случајот: Истрагата е во тек.
Одговор на надлежните власти: Полицијата веднаш реагирала и ја извршила увид на местото.
Според сопственикот на продавницата, полицијата не го обезбедила објектот на кој била
причинета штета, и покрај неговите барања за тоа. Истрагата е во тек.

Адреса
Струмица
Име на Локација
подрачната канцеларија на СДСМ

Број на жртви
-
Број на сторители
2
Статус на случајот
Под истрага
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот Насилство
Име на Локација
Друга јавна локација
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Оштетена подрачната канцеларија на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) во Струмица (верифицирано) image

Кривични дела

Против сопственоста
Оштетување на имотот
Против јавниот ред
Насилство

Основа

Политичка припадност