декември 22, 2015

Претепано и ограбено лице со попреченост (потврдено)

Инцидент
Дела против лица со попреченост

Што се случило: Еден таксист, откако собрал патник со попреченост, им се јавил на двајца
другари и ја принудиле жртвата да им купи пијалаци, да пушат марихуана и го претепале и
ограбиле одземајќи му 6.500 денари.

Датум, време и место на инцидентот: 22 декември, непознато време, во близина на село Оризари,
Кочани.
Извор на информации: Медиум Сител.
Инволвирани жртви: Едно машко лице со попреченост.
Вид на злосторства: „Насилство“ (член 386, КЗ на РМ), „Телесна повреда“ (член 130, КЗ на РМ),
„Разбојништво“ (член 237, КЗ на РМ).
Сторители: Тројца мажи.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
попреченоста на жртвата, а пристрасниот индикатор е:
1. Природа на насилствотото – инцидентот се случил кога таксистот забележал дека жртвата е
лице со попреченост и им се јавил на двајца други сторители.

Статус на случајот: Пријавено кај локалните власти, статусот е непознат.
Одговор на локалните власти: До моментот на пишување на овој извештај, МВР не одговори на
барањето за информации од јавен карактер кое Комитетот го испрати во врска со овој инцидент.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање безбедноста на
лицата со попреченост во областа.

Адреса
село Оризари, Кочани
Име на Локација
село Оризари, Кочани

Број на жртви
1
Број на сторители
3
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот Физички напад Насилство
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Не направија ништо
Претепано и ограбено лице со попреченост (потврдено) image

Кривични дела

Против слободите и правата
Криминална закана
Против сопственоста
Грабеж
Против јавниот ред
Насилство

Основа

Ментална или физичка попреченост