јуни 9, 2015

Инцидент на кошаркарскиот натпревар помеѓу младинските тимови на Фени индустри и Шкупи (потврдено)

Инцидент
Инциденти сторени на спортски натпревари
Инциденти сторени поради етничка припадност

Што се случило: По првото полувреме на натпреварот, кога вториот судија досудил техничка
грешка, сите играчи и асистентот на тренерот на КК Шкупи влегле на теренот и сакале да го
нападнат судијата. Делегатот на Македонската кошаркарска федерација го завршил натпреварот
и побарал од полицијата да ги испрати судиите во соблекувалната. За време на инцидентот,
играчите на Шкупи фрлале пластични шишиња кон публиката. По инцидентот, сите членови на
КК Шкупи биле испратени до Скопје. Сепак, друг медиум објавува дека полицијата за време на
интервенцијата повредила двајца кошаркари и уште едно албанско момче. Според овој медиум,
преку 200 навивачи на КК Фени го изразиле својот бес преку националистичка и расна омраза.

Датум, време и место на инцидентот: 9 јуни, 17:00 часот, Кавадарци.
Извор на информации: Електронски медиум Спорт365 и Журнал.
Инволвирани жртви: Еден судија, можни жртви помеѓу играчите на Шкупи и нивните навивачи (од
страна на полициските сили).
Вид на злосторства: „Насилство“ (член 386, КЗ на РМ).
Сторители: Непознат број навивачи на КК Шкупи.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил за време на
спортски настан, пристрасниот мотив е етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните
индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – навивачите и најголем број играчи на КК Шкупи се Албанци,
додека играчите и навивачите на КК Фени индустри се претежно Македонци;
2. Време – инцидентот се случил по кошаркарски натпревар помеѓу клубовите чии навивачи/
поддржувачи имаат различно етничко потекло, по промена на присуство на малцинството во таа
област (албански играчи и навивачи во населба населена претежно со Македонци);
3. Природа на насилството – инцидентот се случил во јавност;
4. Недостаток на други мотиви.

Статус на случајот: Под истрага.
Одговор на локалните власти: Одговарајќи на барање за информации од јавен карактер, Минис-
терството за внатрешни работи (МВР) одговори дека ПС ОН Кавадарци контактирале со ПС ОН
Бит-пзар и побарале да им се јават на сторителите и да им поднесат прекршочни пријави. Сепак,
нема информации дали осомничените се пронајдени или дали им се поднесени прекршочни
пријави.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент го доведува во прашање етничкиот соживот
по ме ѓу двете најголеми заедници во земјата и безбедноста на луѓето присутни на спортски
натпревари.

Адреса
Кавадарци
Име на Локација
Кавадарци

Број на жртви
1
Број на сторители
-
Статус на случајот
Под истрага
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад Насилство
Име на Локација
Друга јавна локација
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Инцидент на кошаркарскиот натпревар помеѓу младинските тимови на Фени индустри и Шкупи (потврдено) image

Кривични дела

Против слободите и правата
Превенција или нарушување на јавниот собир
Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност