Што се случило: Во дворот на џамијата, тројца луѓе нападнале и ограбиле еден Авганистанец.
Жртвата се здобила со тешки телесни повреди, а напаѓачите му го одзеле мобилниот телефон и
околу 400 евра.
Датум, време и место на инцидентот: 15 мај, 02:00 часот, џамијата во село Лојане, Куманово.
Извор на информации: Електронски медиум Кумановски муабети.
Инволвирани жртви: Еден Авганистанец.
Вид на злосторства: „Разбојништво“ (член 237, КЗ на РМ), „Тешка телесна повреда“ (член 131, КЗ
на РМ), „Насилство“ (член 386, КЗ на РМ).
Сторители: Група од тројца сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – етничкото потекло на сторителите и жртвата се разликуваат;
жртвата е припадник на група (авганистански мигрант) која е убедливо помалобројна од припад-
ници на друга група (македонска популација) во областа каде се случил инцидентот;
Статус на случајот: Поднесена кривична пријава.
Одговор на локалните власти: Одговарајќи на барање за информации од јавен карактер,
Министерството за внатрешни работи (МВР) одговори дека поднеле кривична пријава против
тројца осомничени за кривичното дело „Разбојништво“.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање безбедноста на
мигранти кои влегуваат и поминуваат низ земјата.