Што се случило: Навивачи на ФК Шкупи-1927 нападнале играчи на ФК Вардар (младинци). Инци-
дентот се случил по фудбалскиот натпревар кога навивачите ја прескокнале безбедносната
огра да и ги нападнале играчите додека го напуштале стадионот.
Датум, време и место на инцидентот: 15 април, 18:00 часот, стадион Чаир, Скопје.
Извор на информации: Електронски медиум Макфакс.
Инволвирани жртви: Непознат број играчи на ФК Вардар (младинци).
Вид на злосторства: „Насилство“ (член 386, КЗ на РМ).
Сторители: Непознат број навивачи на ФК Шкупи.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил за време на
спортски настан, пристрасниот мотив е етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните
индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – навивачите на ФК Шкупи се Албанци, додека играчите на ФК
Вардар се претежно Македонци;
2. Време – инцидентот се случил по фудбалски натпревар помеѓу клубовите чии навивачи/ поддр-
жувачи имаат различно етничко потекло, по промена на присуство на малцинството во таа област
(албански навивачи во населба населена претежно со Македонци);
3. Природа на насилството – инцидентот се случил во јавност;
4. Недостаток на други мотиви.
Статус на случајот: Поднесени прекршочни пријави.
Одговор на локалните власти: Одговарајќи на барање за информации од јавен карактер, Министер-
ството за внатрешни работи (МВР) одговори дека се поднесени прекршочни пријавипротив двајца
осомничени и против правниот субјект одговорен за безбедноста за време на натпреварот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент го доведува во прашање етничкиот соживот помеѓу
двете најголеми заедници во земјата и безбедноста на луѓето присутни на фудбалски натпревари.