декември 6, 2016

Скршени прозорци на штаб на БЕСА (потврдено)

Инцидент
Инциденти сторени заради политичка припадност или политичко уверување

Што се случило: Во ноќните часови во точно неутврдено време од страна на непознат/и сторител/и со камен извршено е оштетување на предно стакло од предизборен штаб на политичката партија
Беса во с.Слатино, Општина Теарце.

Датум, време и место на инцидентот: 6 декември, во ноќните часови, партиски штаб на БЕСА во
с. Слатино, општина Теарце.
Извор на информации: Електронски медиуми Локално.мк.; Fax.al
Инволвирани жртви: Освен материјална штета, во овој инцидент нема жртви.
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ) Предизвикување омраза, раздор
или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа (Член 319, КЗ)
Сторители: Непознати.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
политичка припадност, а пристрасните индикатори се:
1. Целна локација – целна локација е предизборниот штаб на политичката партија БЕСА;
2. Модел на претходни инциденти – овој инцидент е последен од растечкиот тренд на оштетување
на партиски штабови во предизборниот период

Статус на случајот: Под истрага.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер
кое Комитетот го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека од страна на СВР
Тетово бил извршен увид на местото на настанот, по што бил известен и Јавниот обвинител по
чија насока пријавениот настан претставува дело кое се гони по приватна тужба.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање општата политичка
стабилност во земјата.

Address
с. Слатино, општина Теарце.
Location Name
партиски штаб на БЕСА

Number of victims
-
Number of Perpetrators
-
Status of the case
Под истрага
Type of incident?
Уништување на имот
Incident location
Друга јавна локација
How did the police react?
Тие го истражуваат инцидентот
Have there been similar incidents / crimes in the same location?
Да
Скршени прозорци на штаб на БЕСА (потврдено) image

Criminal offences

Against Property
Оштетување на имотот
Against the Public Order
Насилство

Grounds

Политичка припадност