Што се случило: Лицето И.Р. (38) од с.Арачиново, возач на автобус бр. 65 на ЈСП Скопје, телефонски
во МВР пријавил дека на ул. „Методија Андонов-Ченто“, во близина на местото викано „Три Куќи“,
додека управувал со автобусот, непознат сторител фрлил бекатон плочка во ветробранското
стакло. И.Р. се здобил со повреди во пределот на очите и бил пренесен во Клиничкиот центар
„Мајка Тереза“. После укажаната помош бил пуштен на домашно лекување.
Датум, време и место на инцидентот: 1 декември, 22:00 часот, во автобус на ЈСП бр.65 кој се
наоѓал на ул. „Методија Андонов-Ченто“, во близина на местото викано „Три Куќи“
Извор на информации: Електронски медиум Република.мк.
Инволвирани жртви: Едно лице.
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ), Телесна повреда (Член 130, КЗ)
Сторители: Непознат сторител.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Претпоставена разлика во етничкото потекло – автобусот бр.65 транзитира низ област
населена од луѓе со мешан етнички состав; местото од каде е каменуван автобусот се наоѓа во
област населена од луѓе со мешан етнички состав
2. Модел на претходни инциденти – ова е последен инцидент од растечкиот тренд на каменување
на автобусот на ЈСП бр.65
3. Природа на насилство – инцидентот се случил во јавност;
Статус на случајот: Под истрага.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое
Комитетот го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека СВР Скопје презема
мерки и активности за расветлување на кривично правниот настан „предизвикување општа
опасност“ и утврдување на идентитетот на сторителот, по што ќе следува соодветен поднесок.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент го доведува во прашање етничкиот соживот
помеѓу двете најголеми заедници во земјата.