Што се случило: 18годишно лице без никаков повод или причина било физички нападнато од
страна на двајца непознати напаѓачи со удари со гумен предмет во пределот на главата.
Датум, време и место на инцидентот: 30 март, околу 21:20 часот, ул. „Босна и Херцеговина“ Скопје.
Извор на информации: Електронски медиум МКД.
Инволвирани жртви: Едно лице.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ), Телесна повреда (Член 130, КЗ).
Сторители: Двајца непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Претпоставена разлика во етничкото потекло – инцидентот се случил во област населена од
луѓе со мешан етнички состав;
2. Природа на насилство – инцидентот се случил во јавност;
Статус на случајот: Под истрага.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое
Комитетот го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека од страна на СВР Скопје
бил земен записник за примање на пријава, а за настанот се преземаат мерки за расчистување
на прекршокот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент го доведува во прашање етничкиот соживот
помеѓу двете најголеми заедници во земјата.