март 5, 2016

Малолетник повреден во Тетово (непотврдено)

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност
Насилство врз малолетници

Што се случило: 17-годишен малолетник од Тетово, бил физички нападнат од страна на три непоз-
нати лица. Лицето било префрлено во КЦ-Тетово за укажување на лекарска помош.

Датум, време и место на инцидентот: 5 март, околу 12часот, на ул.Фуштанска, Тетово.
Извор на информации: Електронски медиум Репортер.
Инволвирани жртви: Едно малолетно лице.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ), Телесна повреда (Член 130 , КЗ)
Сторители: Група од тројца непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Претпоставена разлика во етничкото потекло – инцидентот се случил во град со мешан
етнички состав на населението;
2. Природа на насилството – инцидентот се случил во јавност;

Статус на случајот: Не е регистриран.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое
Комитетот го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека биле извршени проверки,
по што било констатирано дека ваков настан не бил пријавен во ПС-Тетово.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент го доведува во прашање етничкиот соживот
помеѓу двете најголеми заедници во земјата.

Адреса
ул.Фуштанска, Тетово
Име на Локација
ул.Фуштанска, Тетово

Број на жртви
1
Број на сторители
3
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад Насилство
Име на Локација
Улица
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Не направија ништо
Малолетник повреден во Тетово (непотврдено) image

Кривични дела

Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност