Што се случило: Шеснаесетгодишен малолетник од скопско, кој бил со уште неколку лица, без по-
вод и причина физички го нападнал Д.М. (21) од Скопје, удирајќи го со удари во пределот на лицето.
По нападот, малолетникот, заедно со другите лица, се качил во автобус на ЈСП со цел да побегне
од местото на настанот, но бил фатен и приведен во ПС од страна на полициски службеници.
Датум, време и место на инцидентот: 22 февруари, околу 20 часот, на бул. „Крсте Петков
Мисирков“ во Скопје.
Извор на информации: Електронски медиум Репортер.
Инволвирани жртви: Едно лице.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ), Телесна повреда (Член 130, КЗ)
Сторители: Едно малолетно лице.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Претпоставена разлика во етничкото потекло – инцидентот се случил во област населена од
луѓе со мешан етнички состав
2. Природа на насилство – инцидентот се случил во јавност;
Статус на случајот: Поднесено барање за поведување на прекршочна постапка.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое
Комитетот го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека од страна на СВР Скопје
било доставено барање за поведување на прекршочна постапка од 01.03.2016 година до Основен
Суд Скопје 1 Скопје, Оддел за прекршоци.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент го доведува во прашање етничкиот соживот
помеѓу двете најголеми заедници во земјата.