Што се случило: Две малолетни лица биле физички нападнати од поголема група машки лица на
возраст од околу 16-18 години на улицата „Босна и Херцеговина“ во скопски Бутел. На едниот
од малолетниците му била нанесена повреда драска со тврд предмет во пределот на левото
рамо, најверојатно од нож, по што му била укажана лекарска помош во Ургентниот Центар
„Мајка Тереза“. Наводно, до физичкиот напад дошло откако претходно другарот на нападнатиот
малолетник имал расправија со напаѓачите во дворот на училиштето „Зеф Љуш Марку“.
Датум, време и место на инцидентот: 18 декември, 21:00 часот, ул. „Босна и Херцеговина”
Извор на информации: Електронски медиум Скопјеинфо.мк.
Инволвирани жртви: Две малолетни лица.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ), Телесна повреда (Член 130, КЗ)
Сторители: Група од повеќе лица.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Претпоставена разлика во етничкото потекло – настанот се случил во област населена од
луѓе со мешан етнички состав; можно е етничкото потекло на сторителите да се разликува од она
на жртвата
2. Природа на насилство – инцидентот се случил во јавност;
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер
кое МХК го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека од страна на Секторот
за внатрешни работи Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје е поднесено Писмено
известување во врска со кривично дело „Насилство“, предвидено и казниво по чл. 386 од КЗ.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент го доведува во прашање етничкиот соживот
помеѓу двете најголеми заедници во земјата.