октомври 1, 2017

Две момчиња нападнати на автобуска станица (потврдено)

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност

Што се случило: На автобуска постојка на бул.„Крсте Мисирков», две лица од с. Мирковци на
возраст од 19 и 20 години биле физички нападнати од страна на неколку непознати лица. По
нападот напаѓачите го напуштиле местото на настанот, а на повредените момчиња им била
укажана медицинска помош во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ каде првично им
биле констатирани телесни повреди.

Датум, време и место на инцидентот: 01 октомври, 17:30 часот, автобуска постојка на бул.„Крсте
Мисирков”.
Извор на информации: Електронски медиум Мкд.мк.
Инволвирани жртви: Две лица.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ), Телесна повреда (Член 130, КЗ)
Сторители: Група од неколку лица.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Претпоставена разлика во етничкото потекло – инцидентот се случил на автобуска постојка
во област населена со луѓе со мешан етнички состав
2. Природа на насилство – инцидентот се случил во јавност;

Статус на случајот: Непознат/ Се очекува поведување на прекршочна постапка.
Одговор на локалните власти: Според одговорот на МВР во контекст на Барањето на МХК
за информации од јавен карактер испратено во врска со овој инцидент, за истиот бил земен
записник за прием на пријава, додека СВР Скопје презема мерки и активности за расветлување
на нарушувањето на јавниот ред и мир, по што согласно Законот за прекршоци против јавниот
ред и мир до надлежното прекршочно одделение при Основниот суд Скопје 1 Скопје ќе биде
поднесено Барање за поведување на прекршочна постапка.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент го доведува во прашање етничкиот соживот
помеѓу двете најголеми заедници во земјата.

Address
бул.„Крсте Мисирков»
Location Name
автобуска постојка

Number of victims
2
Number of Perpetrators
6
Status of the case
Нема информации
Type of incident?
Телесна повреда Физички напад Насилство
Incident location
Улица
How did the police react?
Тие го истражуваат инцидентот
Have there been similar incidents / crimes in the same location?
Да
Две момчиња нападнати на автобуска станица (потврдено) image

Criminal offences

Against Life and Body
Телесна повреда
Against the Public Order
Насилство

Grounds

Националност Етничка припадност