Што се случило: Две лица, Ф.Ц.(19) и А.М.(20), во слаткарница на ул. „Владимир Комаров“ во Скопје,
биле без повод и причина физички нападнати од страна на пет-шест непознати машки лица, кои
биле гости во слаткарницата. Ф.Ц. и А.М. биле пренесени во болницата „РеМедика“, каде од
страна на лекар кај Ф.Ц. биле констатирани тешки телесни повреди. Во дневниот билтен на МВР
е наведено дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување
на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 01 март, околу 20:00 часот, слаткарница на ул. Владимир
Комаров, Скопје.
Извор на информации: Дневен билтен на Министерството за внатрешни работи, електронски
медиум Прес 24 Вести.мк
Инволвирани жртви: Две лица.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ), Телесна повреда (Член 130, КЗ), Тешка телесна
повреда (Член 131, КЗ)
Сторители: Група од 5-6 лица.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Претпоставена разлика во етничкото потекло – поради мешаниот етнички состав на лица кои се гости во слаткарницата, можно е припадниците на двете групи да имаат различно етничко
потекло;
2. Природа на насилството – инцидентот се случил во јавност.
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: МВР одговори на Барањето за информации од јавен карактер
кое МХК го испрати во врска со овој инцидент, истакнувајќи дека СВР Скопје до Основното
јавно обвинителство доставило писмено известување и известување (КУ бр.2284/17) за пријавено
кривично дело „Насилство“ согласно чл.386 од КЗ.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент го доведува во прашање етничкиот соживот
помеѓу двете најголеми заедници во земјата.