Што се случило: На улицата „Македонија“ во Скопје, додека 24-годишниот Т.У. од Урошевац/
Феризај се движел по улицата со неговите пријатели, Р.У., Ф.У., А.М. и Р.У., физички биле
нападнати од поголема група на млади лица по што истите побегнале во непознат правец.
Според информациите пренесени во медиумите, полицијата информирала дека повредениот се
упатил во болница во Скопје каде му била укажана лекарска помош, а приведени биле лицата
С.Н. (19), А.З. (19), Н.М.(19) и двајца малолетници на 15 и 16-годишна возраст, сите од Скопје. По
извршениот разговор, малолетниците биле ослободени, додека останатите лица биле задржани
за понатамошна постапка. Медиумот пренесува и дека биле преземени мерки за целосно
расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 26 февруари, 17:00 часот, ул. „Македонија“, Скопје.
Извор на информации: Електронски медиум Скопје24.мк.
Инволвирани жртви: 5 лица.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ), Телесна повреда (Член 130, КЗ).
Сторители: Група од 5 лица, меѓу кои двајца малолетници.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Претпоставена разлика во етничкото потекло – жртвите се жители на Косово;
2. Природа на насилството – инцидентот се случил во јавност.
Статус на случајот: Поднесена кривична пријава против пет лица за кривично дело „Учество во
толпа што ќе изврши кривично дело“ согласно чл.385 од КЗ.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое
МХК го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека по преземените мерки и
активности, од страна на СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје била доставена
кривична пријава (КУ бр.2351/17) против пет лица за постоење основи на сомнение за извршено
кривично дело „Учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ согласно чл.385 од КЗ.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент го доведува во прашање етничкиот соживот
помеѓу двете најголеми заедници во земјата.