Што се случило: Во с. Сопиште, скопско, во близина на кружниот тек од страна на непознат
сторител, во неодредено време, било извршено оштетување на штаб на политичката партија
СДСМ, при што биле искршени две прозорски стакла. Во билтенот на МВР е наведено дека се
преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 26 февруари, 01:00 часот, партиски штаб на СДСМ во с.
Сопиште.
Извор на информации: Дневен билтен на Министерството за внатрешни работи, електронски
медиум Слободен печат.
Инволвирани жртви: Освен материјална штета, во овој инцидент нема жртви.
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ).
Сторители: Непознат сторител.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
политичка припадност или политичко уверување, а пристрасните индикатори се:
1. Целна локација – целна локација е штабот на политичка партија
2. Модел на претходни инциденти – На овој инцидент му претходат инциденти од два дена
претходно, кога беа оштетени партиските штабови на СДСМ во Прилеп и во с. Драчево.
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Од одговорот на МВР доставен по поднесеното Барање на МХК
за информации од јавен карактер, единствено произлегува дека од страна на партијата СДСМ на
02.03.2017 година бил доставен записник за примање на пријава за овој настан, за кој се наведува
дека се случил ноќта помеѓу 25 и 26 февруари 2017 година, помеѓу 21 и 06 часот, при што биле
скршени три прозорски стакла и била причинета материјална штета од околу 7.000 денари.
Притоа, не се укажува на какви било други дејствија кои биле преземени од страна на МВР во
насока на расчистување на овој инцидент.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент има негативни финансиски импликации за
политичката партија и предизвикува безбедносна загриженост во заедниците во кои таа делува.