Што се случило: На ѕидовите од Основното училиште „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола биле нацртани
графити со кукести крстови и испишани пораки „Смрт за Ѓупци“ и „Умрете Ѓупци“. Во училиштето
најголем број од учениците се од ромската етничка заедница (околу 80%). По реакцијата на
неформална група граѓани претставници на ромската зедница од Oпштина Битола, графитите и
кукестите крстови се отстранети. Случајот е пријавен во СВР Битола.
Датум, време и место на инцидентот: 19 јануари, околу 00.30 часот, ОУ Ѓорѓи Сугарев, Битола.
Извор на информации: ТВ Тера-Битола.
Инволвирани жртви: Освен материјална штета, во овој инцидент нема жртви.
Вид на злосторства: Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна,
верска и друга дискриминаторска основа (Член 319, КЗ), Расна и друга дискриминација (Член 417,
КЗ), Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ).
Сторители: Непознат сторител.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
расна дискриминација, а пристрасните индикатори се:
1. Содржина на испишаните пораки – Навредливите и заканувачки пораки се директно насочени
кон ромската етничка заедница;
2. Целна локација – пораките се испишани на ѕидот на училиште во кое мнозинството ученици и
припаѓаат на ромската етничка заедница.
Статус на случајот: Под истрага.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое
МХК го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека се работи за кривично дело
„Оштетување на туѓи предмети“, кое се гони по приватна тужба како и дека СВР Битола работи на
расветлување и откривање на сторителите.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање безбедноста на
различните етнички заедници во земјата.