Што се случило: На 22.10.2018 година во 22,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје
И.Д.(41) пријавил дека истиот ден околу 20,15 часот на улицата “Јужно Моравски Бригади“
неговиот 14 годишен син додека се движел со неколку другари му пришле две непознати
лица на возраст од 14-16 години и едното од нив физички го нападнало. Се превземаат
мерки за целосно расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 22.10.2018 година околу 20,15 часот на улицата “Јужно Моравски
Бригади“
Извор на информации: дневен билтен на МВР.
Инволвирани жртви: една малолетна жртва на 14 годишна возраст.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ), Телесна повреда (Член 130, КЗ на РСМ).
Сторители: двајца непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничко
потекло а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – жртвата со напаѓачите се од различно етничко потекло;
2. Модел на претходни инциденти – напади на млади лица во овој дел од градот се регистрирани и
претходно
Статус на случајот: случајот е заведен како прекршок по чл. 12 од ЗППЈРСМ.
Одговор на локалните власти: На барањето доставено до МВР во врска со овој инцидент, дали има
индикатори со кои ќе се потврди дело од омраза, добивме одговор дека овој случај е заведен како
прекршок по член 12 од Закон за прекршоци против јавен ред и мир (ЗППЈРСМ).
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата, соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.