октомври 21, 2018

Загрозување на сигурноста на пратеник во Собрание на РСМ преку фејсбук

Инцидент
Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем

Што се случило: На 22.10.2018 г. СВР Скопје во соработка со Секторот за компјутерски криминал и
дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи до Основно јавно обвинителство во Скопје
ќе поднесе кривична пријава против 38- годишниот А.Н. од скопско Коњари, поради споделена објава-
коментар на социјалната мрежа Фејсбук со која предизвикал загрозување на сигурноста на пратеници во
Собранието и поради ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем
односно поради основано сомнение за сторено кривично дело по чл.144 „Загрозување на сигурност“ и по
чл.394-г „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ од Кривичниот
законик на Република Северна Македонија, соопшти полицијата.

Датум, време и место на инцидентот: На социјалната мрежа Фејсбук на 21.10.2018.
Извор на информации: дневен билтен на МВР.
Инволвирани жртви: Освен материјална штета, во овој инцидент нема жртви.
Вид на злосторства: Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем
(Член 394-г ст. 1, КЗ на РСМ) и Загрозување на сигурноста (чл. 144 став 4 КЗ на РСМ).
Сторители: А.Н. (38) од с. Коњари, Скопско
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е политичка
припадност или политичко уверување, а пристрасните индикатори се:
1. Модел на претходни инциденти – и претходно се регистрирани инциденти на вршење на овие дела
преку социјални мрежи.

Статус на случајот: поднесена кривична пријава до надлежно ОЈО
Одговор на локалните власти: На барањето доставено до МВР во врска со овој инцидент, дали има
индикатори со кои ќе се потврди дело од омраза, добивме одговор во Јануари 2019, дека во врска со овој
случај поднесена е кривична пријава за кривични дела по член 394-г и член 144 ст. 4 до надлежно ЈО за
понатамиошно делување.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање општата политичка
стабилност во земјата.


Број на жртви
-
Број на сторители
1
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го фатија сторителот
Загрозување на сигурноста на пратеник во Собрание на РСМ преку фејсбук image

Кривични дела

Против јавниот ред
criminal_offences_06_against_the_public_order_2: Spreading racist and xenophobic material via information system