Што се случило: На 20.10.2018 година Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при
Министерството за внатрешни работи до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе Известување
за откриени содржини во кои има повикување на насилство или најави за однесување кое би значело
загрозување на туѓа безбедност, а се објавени на профили на социјалната мрежа Фејсбук во изминатите
24 часа, кои се соодветно документирани.
Против Г. Т. (48) од Скопје, поради споделена објава на социјалната мрежа Фејсбук со која се шири
говор на омраза и загрозување на сигурноста на пратеници во Собранието на Северна Македонија, до
надлежното јавно обвинителство ќе биде поднесена кривична пријава согласно чл.319 и чл. 144 став 4 од
Кривичниот законик на Република Северна Македонија, соопшти МВР.
Датум, време и место на инцидентот: На социјалната мрежа Фејсбук на 19.10.2018.
Извор на информации: дневен билтен на МВР.
Инволвирани жртви: Освен материјална штета, во овој инцидент нема жртви.
Вид на злосторства: Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска
и друга дискриминаторска основа (Член чл.319) и Загрозување на сигурноста (чл. 144 став 4 КЗ на РСМ).
Сторители: Г.Т. (48) од Скопје
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е политичка
припадност или политичко уверување, а пристрасните индикатори се:
1. Модел на претходни инциденти – и претходно се регистрирани инциденти на вршење на овие дела
преку социјални мрежи.
Статус на случајот: поднесена кривична пријава до надлежно ОЈО
Одговор на локалните власти: На барањето доставено до МВР во врска со овој инцидент, дали има
индикатори со кои ќе се потврди дело од омраза, добивме одговор во Јануари 2019, дека во врска со овој
случај поднесена е кривична пријава за кривични дела по член 319 и член 144 ст. 4 до надлежно ЈО за
понатамиошно делување.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање општата политичка стабилност
во земјата.