Што се случило: Дваесет и едногодишно момче се бори за живот на Скопските клиники откако вчера
попладне во 17.20 часот во населбата Автокоманда е претепано од непознати лица. Вчера и во текот на
ноќта момчето не било контактибилно. Според првичните информации од МВР, го претепале три засега
непознати лица. Непознатите излегле од автомобил мерцедес и го нападнале момчето кое се движело
по булеварот Александар Македонски во близина на автобуската постојка кај седиштата на „Алкалоид“
и „Скопска пивара“. На 09.07.2018 година повредениот почина како последица на повредените.
Датум, време и место на инцидентот: 29.06.2018 година, 17,30 часот на автобуската станица кај
Алкалоид во Автокоманда
Извор на информации: дневен билтен на МВР, дневен весник Нова Македонија
Инволвирани жртви: едно машко лице (21).
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ), Убиство на свиреп начин (Член 123 ст. 2 т. 1, КЗ
на РСМ).
Сторители: три непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничко
потекло а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – жртвата со напаѓачите се од различно етничко потекло;
2. Модел на претходни инциденти – напади на член на навивачка група, во конкретниот случај
нападнатото момче е член на Комити, а напаѓачите се членови на Шверцери.
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Во одговорот кој го добивме од МВР овој инцидент кај нив најпрво е
регистриран како Насилство и з дајца од тројацата сторители веднаш е определен притвор,а по третиот
се трага. После предавањет на предметот на ОЈО по извршената обдукција на телото и проборање на
дополнители докази, овој случај е преквалификуван како Убиство на свиреп начин.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата, соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството и
особено безбедноста на децата и младите луѓе во средини кои треба да се сигурни и безбедни за нив (
училишта, јавен превоз, населби во кои живеат и се движат).