Што се случило: На 23.06.2018 година во 23 часот во Единицата за информации и команда Скопје,
одговорно лице од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ телефонски пријавило дека на објектот во
сопственост на партијата лоциран на плоштад ВМРО, од страна на непознати лица била фрлена боја
врз објектот и околу него. На лице место излегле полициски службеници и се преземаат мерки за
расчистување на настанот.
Датум, време и место на инцидентот: 23.06.2018 година во 23 часот, Главниот плоштад во Скопје.
Извор на информации: дневен билтен на МВР.
Инволвирани жртви: нема
Вид на злосторства: Оштетување на туѓи предмети (Член 243, КЗ на РСМ),
Сторители: повеќе непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е
политичка припадност или политичко уверување, а пристрасните индикатори се:
1. Целна локација – целна локација е штабот на политичка партија
2. Модел на претходни инциденти – На овој инцидент му претходат инциденти кога беа демолирани
партиските штабови на СДСМ
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Во одговорот кој го добивме од МВР овој инцидент кај нив е
регистриран како кривично дело Оштетување на туѓи предмети по член 243 од КЗ на РСМ.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
политичка состојба во земјата.