Што се случило: На 21.06.2018 година во 23,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било
пријавено дека на крстосницата од улиците „Џон Кенеди“ и „Цветан Димов“, во автобус на ЈСП бр.57, две
непознати лица физички го нападнале Б.Д.(20) од Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување
на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: На 21.06.2018 година во 23,30 часот, на крстосницата од улиците
„Џон Кенеди“ и „Цветан Димов“, во автобус на ЈСП бр.57
Извор на информации: дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: едно машко лице.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ), Телесна повреда (Член 130, КЗ на РСМ).
Сторители: двајца непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничко
потекло а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – жртвата со напаѓачите се од различно етничко потекло;
2. Модел на претходни инциденти – напади на граѓани, во автобус бр.57 се регистрирани и во
претходите извештаи
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Во одговорот кој го добивме од МВР овој инцидент кај нив е регистриран
како Насилство и доставено е записник за пријава до ОЈО.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата, соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството и
особено безбедноста на децата и младите луѓе во средини кои треба да се сигурни и безбедни за нив (
училишта, јавен превоз, населби во кои живеат и се движат).