јуни 11, 2018

Повторно напади во Автокоманда

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност

Што се случило: На 11.06.2018 година во 21,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје М.С.(19)
пријавил дека истиот ден околу 20,50 часот на булевар “Александар Македонски“ физички бил нападнат
од страна на две непознати лица. Се работи на целосно расчистување на случајот
.
Датум, време и место на инцидентот: 11.06.2018 година, околу 20,50 часот на булевар “Александар
Македонски“ Скопје.
Извор на информации: дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: едно машко лице.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ), Телесна повреда (Член 130, КЗ на РСМ).
Сторители: 2 непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничко
потекло а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – жртвата со напаѓачите се од различно етничко потекло;
2. Модел на претходни инциденти – напади на граѓани на улица, автобуска постојка

Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Во одговорот кој го добивме од МВР овој инцидент кај нив е регистриран
како нарушување на јавен ред и мир и се преземаат мерки за откривање на сторителите.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата, соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството и
особено безбедноста на децата и младите луѓе во средини кои треба да се сигурни и безбедни за нив (
училишта, јавен превоз, населби во кои живеат и се движат). Особено несоодветниот одговор од страна
на државта, со тоа што го квалификува како прекршок наместо како кривично дело Насилство.

Адреса
Булевар Александар Македонски, Скопје, Северна Македонија
Име на Локација
Булевар Александар Македонски, Скопје, Северна Македонија

Број на жртви
1
Број на сторители
2
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад Насилство
Име на Локација
Улица
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Повторно напади во Автокоманда image

Кривични дела

Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност