Што се случило: Поранешниот младински репрезентативец на Северна Македонија, Таулант Сулејманов,
кој во меѓувреме си го промени презимето во Сефери предизвика голем скандал.Сефери кој во
меѓувреме се реши да игра за Албанија, по пријателскиoт натпревар на младинските селекции против
Белорусија во вторникот, во соблекувалната позираше со маичка на која стоеше: “Куманово е Албанија”
Датум, време и место на инцидентот: 07 јуни, неопеделено време, профил на социјални мрежи.
Извор на информации: електронски медиум маркукуле.мк, оффнет.мк
Инволвирани жртви: нема
Вид на злосторства: Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска
и друга дискриминаторска основа (Член 319, КЗ на РСМ)
Сторители: еден идентификуван сторител.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничко
потекло а пристрасните индикатори се:
1. Модел на претходни инциденти – и во претходни инциденти спортските натпревари се користеле
како поле за искажување на говор на омраза и за предизвикување на етничка нетрпеливост
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Во одговорот кој го добивме од МВР овој инцидент воопшто не е
евидентиран.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата, соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.