јуни 6, 2018

Физички нападнато малолетно (13 год)момче во Ченто

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност
Насилство врз малолетници

Што се случило: Тринаесетгодишно момче синоќа било нападнато на улицата „Методија Андонов-Ченто“
во Скопје, на автобуска постојка. Како што соопшти МВР, случајот во полиција синоќа го пријавил И.С.
(43), таткото на детето. Неговиот син додека чекал автобус бил физички нападнат од непознато лице на
возраст од 15 до 18 години, кое било со уште три други лица. Потоа сторителите го напуштиле местото
на настанот, а по кратко време се вратиле заедно со поголема група на лица. Момчето и неговите
другари побегнале и ги известиле родителите.Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.

Датум, време и место на инцидентот: 06 јуни, во вечерните часови, на автобуска постојка на ул. МА
Ченто во Скопје (последна 45-ка).
Извор на информации: електронски медиум мкд.мк, скопјеинфо.мк, пресс24.мк.
Инволвирани жртви: едно малолетно лице.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ), Телесна повреда (Член 130, КЗ на РСМ).
Сторители: повеќе непознати сторители 4+.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничко
потекло а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – жртвата е малолетник а со напаѓачите се од различно етничко
потекло;
2. Модел на претходни инциденти – напади на малолетни лица на улица, атобуска постојка или
блиску училиште

Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Во одговорот кој го добивме од МВР овој инцидент кај нив е регистриран
како нарушување на јавен ред и мир и се преземаат мерки за откривање на сторителите.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата, соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството и
особено безбедноста на децата и младите луѓе во средини кои треба да се сигурни и безбедни за нив (
училишта, јавен превоз, населби во кои живеат и се движат). Особено несоодветниот одговор од страна
на државта, со тоа што го квалификува како прекршок наместо како кривично дело Насилство.

Адреса
Методија Андонов - Ченто, Скопје, Северна Македонија
Име на Локација
на автобуска постојка на ул. МА Ченто во Скопје (последна 45-ка)

Број на жртви
1
Број на сторители
6
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад Насилство
Име на Локација
Улица
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Физички нападнато малолетно (13 год)момче во Ченто image

Кривични дела

Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност