мај 20, 2018

Во детски парк нападнато малолетно (14 год)момче

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност
Насилство врз малолетници

Што се случило: На 20.05.2018 година околу 22.00 часот во детскиот парк на улица „Дончо Штипјанчето»
од страна на едно непознато лице физички бил нападнат неговиот 14-годишен син.

Датум, време и место на инцидентот: 20.05.2018 година околу 22.00 часот во детскиот парк на улица
„Дончо Штипјанчето».
Извор на информации: дневен билтен на МВР.
Инволвирани жртви: едно малолетно лице.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ), Телесна повреда (Член 130, КЗ на РСМ).
Сторители: 1 непознат сторител.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничко
потекло а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – жртвата е малолетник а со напаѓачите се од различно етничко
потекло;
2. Модел на претходни инциденти – напади на осамени малолетни лица на улица или блиску училиште

Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Во одговорот кој го добивме од МВР овој инцидент кај нив е регистриран
како нарушување на јавен ред и мир и се преземаат мерки за откривање на сторителите.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата, соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството и особено
безбедноста на децата и младите луѓе во средини кои треба да се сигурни и безбедни за нив ( училишта,
јавен превоз, населби во кои живеат и се движат).

Адреса
улица „Дончо Штипјанчето
Име на Локација
улица „Дончо Штипјанчето

Број на жртви
1
Број на сторители
1
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад Насилство
Име на Локација
Парк
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Во детски парк нападнато малолетно (14 год)момче image

Кривични дела

Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност