Што се случило: На 17.05.2018 година во 23,15 часот во Градска општа болница «Св. Наум Охрдиски»
лицето М.П.(22) од Скопје, пријавил дека околу 22,30 часот на улица «Кеј 13-ти Ноември» бил физички
нападнат од страна на три непознати машки лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 17.05.2018 година во 23,15 часот, улица «Кеј 13-ти Ноември».
Извор на информации: дневен билтен на МВР.
Инволвирани жртви: 1 жртва.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ), Телесна повреда (Член 130, КЗ на РСМ).
Сторители: 3 непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничко
потекло а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – жртвата со напаѓачите се од различно етничко потекло;
2. Место – на ова место и претходно се регистрирани ваков вид на инциденти
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Во одговорот кој го добивме од МВР овој инцидент кај нив е регистриран
како нарушување на јавен ред и мир и се преземаат мерки за откривање на сторителите.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата, соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.