Што се случило: Четири непознати малолетни лица синоќа околу 19 часот физички нападнале
12-годишно момче на улицата „Македонски војски“ во Скопје.Како што информира МВР, случајот синоќа
во 21.40 часот во Полициската станица Ѓорче Петров го пријавила А.Т.(42), мајка на нападнатото момче.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 01 мај, 21:40 часот, улицата „Македонски војски“ во Скопје.
Извор на информации: дневен весник Нова Македонија.
Инволвирани жртви: едно малолетно лице.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ), Телесна повреда (Член 130, КЗ на РСМ).
Сторители: 4 непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничко
потекло а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – жртвата е малолетник а со напаѓачите се од различно етничко
потекло;
2. Модел на претходни инциденти – напади на осамени малолетни лица на улица или блиску училиште
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Во одговорот кој го добивме од МВР овој инцидент кај нив е регистриран
како нарушување на јавен ред и мир и се преземаат мерки за откривање на сторителите.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата, соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството и
особено безбедноста на децата и младите луѓе во средини кои треба да се сигурни и безбедни за нив (
училишта, јавен превоз, населби во кои живеат и се движат).